Дибала не сака да седи на клупата за резерви

0

Аргентинскиот интернационалец во редовите на Јувентус, Паоло Дибала, по вчерашниот меч со Кротоне реагирал кај директорот, Фабио Патричи, незадоволен од одлуката на тренерот, Андреа Пирло да го остави на клупата.

Младиот играч иако беше испратен за загревање во вториот дел, не доби шанса да ги забележи првите минути во новата сезона во Серија „А“. Тоа веројатно дополнително го исфрустрира да направи таква реакција на патот кон соблекувалната. Целата ситуација се обиде да ја објасни тренерот, Пирло.

„Во петокот тренираше само десет минути, се врати од репрезентативниот собир. Тоа не беше идеален натпревар за него да игра затоа што имавме и фудбалер помалку“ – рече Пирло.

Share.

Leave A Reply