Крилото на Вардар, Тимур Дибиров и бекот на Металург, Халил Јагањац, влегоа меѓу најдобрите седум ракометари во 4 коло во Лигата на шампионите во изборот на ЕХФ.
Дибиров кој постигна 8 голови беше прогласен за најдобар играч на дербито со Рајн Некар додека Јагањац успеа 10-ет пати да погоди во мрежата на данскиот, Силкеборг. Покрај играчите од нашите екипи, во најдобрата седумкиа има место и за: среден бек – Томас Могесен (Скјерн),
десен бек – Магнус Род (Фленсбург), десно крило – Аркадиуж Морито (Киелце), пикер – Сењамин Буриќ (Загреб) голман – Гонзало Перез де Варгас (Барселона).
Голманот на „црвено-црните“, Дејан Милосављев, со една од неговите реакции во финишот на мечот против германскиот тим, повторно влезе во изборот на Топ 5 одбрани.