Пред утрешната пресметка со Порто во Скопје, Тимур Дибиров со своја анализа за противникот и очекувањата на нашиот шампион.
„Ова ќе биде многу тежок меч. Ние сме во една интересна ситуација, по победата на голем тим како Флензбург. Секако сакаме сега на секој нареден меч да напредуваме малку по малку. Порто е многу силен и незгоден противник кој игра со 7 на 6. Кога е најтешко играат најдобро во тој аспект. Но, ние сме на добар пат и тоа треба да го потврдиме“, вели Дибиров.