Дибиров пред мечот со Киелце: Верувам во нашата екипа, ќе излеземе со самодоверба

0

Вардар утре го пречекува Киелце во нов меч од Лигата на шампионите. Во пресрет на дуелот, искусното крило Тимур Дибиров со своја изјава за очекувањата од мечот:

„Натпреварите меѓу Вардар и Киелце е како ракометна класика. Секогаш е неизвесно и навистина во Скопје чекаме неизвесен меч. Натпреварот со Флензбург покажа дека нема многу разлика во квалитетот. Киелце е една од екипите против која е најтешко да се подготвуваш. Имаа фантастични играчи како Карачиќ, Душеваев, ќе биде тешко, но нашата шанса е дома да направиме добар резултат. Верувам во нашата екипа, затоа што без разлика дали губиме или победуваме на натпреварите излегуваме со самодоверба.“

Share.

Leave A Reply