Дибиров: Сакам да видам што ќе направи Кил за да го победи Вардар

0

Ракометарите на Вардар подготвено го дочекуваат мечот од 4. коло во ЛШ против германски Кил. Во пресрет на дуелот, крилото на Вардар, Тимур Дибиров на денешната прес-конференција зборуваше за очекувањата од саботниот меч.

„Среќен сум што доаѓа време за еден ваков натпревар. Се плашиме кога играме со екипи на пониско ниво, затоа што тогаш има многу работи кои може да ни недостасуваат, мотивација, или преголема самодоверба, да не сме недоволно спремни, поинаква е слика… Сега сакам да видам како Кил ќе го победи Вардар во Скопје. Влегувам со едно такво расположение, ова е меч во кој може да се случи сè. Ние сме подготвени без разлика со каква сила ќе дојде Кил тука. Знаеме кој сме ние… Возбудени сме, нетрпеливи е едвај го чекаме дуелот за да покажеме по ова коло кој е кој во Лигата на шампионите“, изјави Дибиров.

Share.

Leave A Reply