Дибиров: Во „Морача“ секогаш тешко се игра, но ние победивме

0

Дуелите меѓу Будуќност и Вардар во последниве неколку години се вистински ракометни дерби средби каде неизвесноста била секогаш присутна. Во првите неколку години Будуќност беше подобар, а последниве две сезони „црвено-црните” доминираат на овие средби.

Оваа сезона не само во ЛШ, ЖРК Вардар играше против Будуќност и во ВРХЛ лигата, а Вардар секогаш беше подобар. Вчерашниот натпревар Вардар во Подгорица го доби со 30:25, а по натпреварот тренерите на двата тима ги искажаа своите импресии од оваа средба:

Ирина Дибирова – тренер на Вардар
„Му честитам на Будуќност за пласманот во четврт-финалето на лигата на шампионите и им посакувам многу успех. Имаат добар тим и одличен тренер, а за една-две години ќе бидат одлична екипа. Ние на овој натпревар не бевме комплетни. Ни недостигаше Андреа Лекиќ. Важно е дека ракометарките го издржаа овој меч, одиграа колку што требаше и пред сѐ победивме. Сите знаеме дека овде секогаш се игра тешко, и уште потешко се освојуваат бодови. Ние успеавме. Сега останува да се фокусираме на следите натпревари од лигата на шампионите.

Драган Аџиќ – тренер на Будуќност
„Привилегија ни е што сезонава имаме можност за толку средби против Вардар. Ни недостигаат такви средби за да напредуваме. Публиката ни помогна за да издржиме и да дадеме силен отпор. Девојките беа на највисоко ниво сезонава од сите средби против Вардар. Верувам дека оваа игра против Вардар ќе ни даде самодоверба против Ѓер. На Вардар му посакувам да заврши на Ф4, па ако може и да се сретнеме таму. Ако не се сретнеме тогаш му посакувам на Вардар да ја освои титулата бидејќи има одлични ракометарки и одличен стручен штаб”

Share.

Leave A Reply