Дибирова: Со Будуќност нема да биде лесно

0

ЖРК Вардар се подготвува за новиот предизвик во Лигата на шампионите. В сабота во Скопје гостува екипата на Будуќност, која со години наназад е голем ривал на „вардарки“.

Тренерот на тимот, Ирина Дибирова, на прес-конференцијата во пресрет на мечот истакна дека Вардар го чека нов тежок меч во Лигата на шампионите.

„Играме со екипата на Будуќност, која е наш добропознат противник. Имаат добри бекови, шутери, добри голмани, располагаат со добра тактика и со доста агресивна одбрана. Нашата екипа мора да биде максимално концентрирана на овој натпревар, исто како и на другите. Мора да бидеме на високо ниво како и на останатите натпревари ако сакаме да победиме“, изјави Дибирова.

Првотимката, Радичевиќ, уште еднаш ги повика навивачите да дојдат да ја наполнат салата во СЦ „Јане Сандански“ и на „вардарки“ да им направат добра атмосфера за прослава на нова победа. Дуелот со Будуќност в сабота стартува од 15 часот.

Share.

Leave A Reply