Диего Алвес ја напушта Валенсија и заминува во Фламенго

0

Еден од најдобрите голмани-специјалисти за одбрана на пенали Диего Алвес најавил дека по шест сезони ќе ја напушти екипата на Валенсија и од утре ќе го чува голот на бразилскиот тим Фламенго.

Диего Алвес спогодбено го раскинал договорот со Валенисија и одлучол да оди таму каде што многу повеќе веруваат во неговите квалитети. Новиот тренер на Валенсија, Марселињо го донесе во својот тим Бразилецот Нето од Јувентус и на него ќе смета како прва опција на голот, додека негова алтернатива ќе биде Хауме.

Досега клубот од „Местаља“ најави дека ќе го напушти и австралискиот голман Мет Рајан, кој беше втор чувар на мрежата на Валенсија минатата сезона. Диего Алвес беше во екипата на Валенсија од 2011 кодина кога дојде од Алмерија.

Share.

Leave A Reply