Првиот човек на нашиот фудбал, Муамет Сејдини и претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, денеска имаа конструктивен разговор на повеќе актуелни теми во просториите на ФФМ.
Тоа е прва посета на новиот претседател на МОК на нашата најголем спортска федерација откако е назначен на функцијата.
„Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, во првата формална посета на „Куќа на фудбалот имаше конструктивен разговор со претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини околу продлабочување на воспоставените добри односи меѓу двете спортски инстутуции“ соопштија од ФФМ