Димевски нов претседател на МОК, вети ново Изборно собрание следната година

0

Поранешниот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), Даниел Димевски, официјално е избран за нов предводник на Македонскиот олимписки комитет (МОК) на Собранието кое траеше долго и имаше интересен тек, откако предвреме салата ја напуштија дваесетина членови кои ја поддржуваа неговата противничка за функцијата, Александра Војнеска-Зикова.

Сепак на крајот избор беше речиси акламативен, со оглед што во салата останаа само оние кои го подржуваат Даниел Димевски, а при претставувањето на програмата, вети дека следната година ќе има ново Изборно Собрание.

„Сакам уште сега да ветам, јавно да кажам дека в година ќе организираме ново Изборно Собрание, па тие повторно нека не дојдат. Сакам да бидеме обединети, а не разделени. Затоа ќе сторам сѐ за бидеме повторно сите заедно. А до следниот избор зад себе ќе имам една година во која ќе работам напорно и ќе дадам сѐ од себе за македонскиот спорт. Ќе бидам тука за федерациите, за клубовите, ќе се борам за нови спортски објекти, за препознатливост на спортистите, за поголеми ваучери, ќе им помагам на сите за нивна реализација. Сѐ во заеднички интерес“, изјави Даниел Димевски.

И покрај тоа што немаше противник, кој предвреме си замина, гласањето беше извршено тајно, според препораките од Интернационалниот олимписки комитет (ИОК). Димевски доби 30 гласа, Војнеска-Зикова иако не беше присутна доби еден глас, додека едно ливче беше празно.

Собранието на МОК, со акламација го прифати предлогот за избор на досегашниот предводник Васил Тупурковски за почесен претседател на МОК.

Share.

Leave A Reply