Димитар Ѓорѓиев е европски шампион!

0

Македонскиот кик-боксер Димитар Ѓоргиев е нов европски шампион во лоу-Кик, откако денеска на ЕП во Братислава славеше во финалниот меч над Русинот Рамазан Баксанов.

Ѓоргиев уште еднаш ја демонстрираше својата беспрекорна форма и доминација во категоријата во која настапи и ги потврди своите извонредни резултати.

Тој вчера во полуфиналето беше извонреден и го совлада Србинот Милош Цвјетичанин со 3-0 и да се најде во завршната борба во категоријата до 86 килограми, каде ја потврди својата класа.

Share.

Leave A Reply