Димитриевски доби казна за недоличното однесување

0

Македонскиот фудбалски репрезентативен голман, Столе Димитриевски, заработи казна од 4 меча поради црвениот картон и навредите упатени кон судијата на средбата со Леганес во второлигашкото друштво на Шпанија.

Тоа значи дека чуварот на мрежата на Рајо Валјекано ќе ги прескокне дуелите против Логроњес, Лас Палмас, Жирона и Алкоркон и ќе се врати на теренот на 10 јануари на гостувањето кај Мирандес.

Неговиот тим пред новата викенд-рунда се наоѓа на 8 место на табелата.

 

Share.

Leave A Reply