Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски ќе потпише нов договор со екипата на Рајо Ваљекано, тврдат шпанските весници.
Според најавата на весникот „Марка“, Димитриевски треба да стави параф на нов договор со Рајо до 2023 година.
Интерес за македонскиот чувар на мрежата летово покажаа Севилја, Валенсија и Бетис, се шпекулираше и со понуди од Мајорка и од Еспањол, но раководството на Рајо Валјекано успеа да го убеди Димитриевски и во наредниот период да настапува за овој мадридски клуб.