Димитријевиќ меѓу петте најдобри млади кошаркари во Ендеса лигата

0

Големо признание за младиот репрезентативец на Македонија, Ненад Димитријевиќ кој се најде во друштво на суперталентираните Алоцен, Гаруба, Кулбока и Крејчи.

Нашиот млад кошаркар со своите добри игри заслужи едно вакво големо признание во Шпанија, откако се најде во изборот на идеалната петорка на млади кошаркари во Ендеса лигата.

Димитријевиќ беше трет во гласањето кое го спроведе лигата во изминатиот период, а траеше заклучно со 24 јуни. На анкетата тој доби 40 гласа, кои му донесоа влез во идеалните пет млади кошаркари во најсилната лига на Европа.

Во друштво на Ненад Димитријевиќ се Карлос Алоцен (Сарагоса), Усман Гаруба (Реал Мадрид), Арнолдас Кулбока (Билбао Баскет) и Вит Крејчи (Сарагоса).

Share.

Leave A Reply