Димитриоски : добро е што младите добија минутажа

0

Крилото на Вардар, Димитар Димитриоски, кој на вчерашниот меч со Пекинг во ракометната СЕХА лига забележа шест голови, потенцираше дека помладите мора да ја искористат секоја шанса и да покажат дека можат да бидат на теренот.

„Одигравме како што бараше тренерот иако бевме малку нервозни. Добро е што младите играчи добиваат шанса, треба тоа да го искористиме и да покажеме дека не сме само резерви. Мораме да учиме од играчи како Дибиров, Чупиќ и Шишкарев “- нагласи Димитриоски.

Вардарци по стартната победа во СЕХА сега ги очекува мечот од второто коло и тоа на теренот на Мотор Запорожје.

Share.

Leave A Reply