Македонскиот ракометен репрезентативец Димитар Димитриоски реши да не менува ништо во својата кариера и во иднина ќе го носи дресот на Вардар.
Актуелниот македонски и европски шампион постигна договор со крилниот играч и тој ќе го носи „црвено-црниот“ дрес и наредните две сезони.
Со потписот на Димитриоски, крилните позиции на Вардар се обезбедеми и веќе се насочуваат кон уште неколку засилувања на бековските позиции. Вардар е во потрага по уште еден десен бек, а исто така нема да биде изненадување доколку пристигне уште еден среден бек во екипата.
Димитриоски е еден од македонските репрезентативци кои остануваат во Вардар, а тоа веќе го направија голманот Марко Кизиќ, Карапалевски, Атанасовски, како и новите засилувања Филип Талески, Гоце Георгиевски и Томислав Јагуриновски.