Димитров со најважната АТП победа во кариерата

0

На завршниот тениски турнир оваа сезона, бугарскиот тенисер Григор Димитров ја освои најважната титула во својата досегашна кариера. Тој во финалето го победи Белгиецот Давид Гофин во три сета (7:5, 4:6, 6:3) и успее како непоразен да дојде до премијата од 2.549.000 долари.

Димитров годината ќе ја заврши како трет играч на ATP ранг листата, а освен титулата на АТП финалето во Лондон, освои уште три титули. Димитров стана првиот победник во последните 20 години кој ја освојува титулата на АТП финалето како дебитант на овој турнир. Последен дебитант победник беше Алекс Коретча кој го победи Карлос Моја во 1998 година.

Share.

Leave A Reply