Димитров посакува со трофеји да ја заврши сезоната

0

Најдобриот бугарски тенисер, Григор Димитров, по едномесечно отсуство  се враќа на терените со надеж дека ќе освои уште една титула до крајот на сезоната. Тој ќе настапи на собирот во Пекинг со награден фонд од 4 милиони долари.

„Се чувствувам добро, задоволен сум од мојата форма а ќе има уште пет седмици до крајот на сезоната. Би било одлично ако освојам една или две титули, нема да лажам, сакам со трофеји да ја завршам годинава”, коментираше Димитров.

Бугаринот во почетокот на септември последен пат настапи на Отвореното првенство на САД кога отпадна во вториот круг. Тој има реални шанси да се појави на Мастерсот во Лондон на кој ќе играат најдобрите 8 тенисери од АТП листата.

Share.

Leave A Reply