Димитров заразен со Ковид-19

0

Најдобриот бугарски тенисер Григор Димитров имал позитивен тест за коронавирус. Гришо се врати во Монако од турнирот во Задар порано затоа што се чувствувал лошо, но засега не беше јасно дали причината е КОВИД-19.

Тој поминал неколку часа во болница, каде што беше подложен на дополнителни тестови на белите дробови. Резултатите ќе бидат објавени во наредните денови.

Во последните 2 недели Бугаринот се натпреваруваше на „Адриа Тур“ турнирите во Србија и Хрватска, организирани од светскиот рекет бр.1 Новак Ѓоковиќ.

Share.

Leave A Reply