Динамо Загреб доби нов тренер, Зоран Мамиќ ќе го води тимот

0

Хрватскиот шампион Динамо Загреб официјално доби нов тренер, во името на Зоран Мамиќ, братот на бизнисменот и долгогодишен прв човек на оваа екипа, Здравко Мамиќ.

Мамиќ доаѓа на местото на Јовичевиќ кој доби отказ по само неколку натпревари на кои го водеше тимот. И покрај тоа што се споменуваше и името на Гоце Седлоски како можен тренер на првиот тим, сепак Мамиќ беше со најголеми шанси и ја доби довербата. Зоран Мамиќ, кој по втор пат ќе биде тренер во оваа екипа, ќе биде привремено решение за Динамо Загреб, а ќе го води тимот до крајот на сезоната, за потоа да биде одлучено кој ќе биде тренер во новата сезона.

Во екипата на Динамо Загреб настапува и Аријан Адеми кој е капитен на овој тим.

Share.

Leave A Reply