Динамо Загреб и Јовичевиќ се разделија, дали Седлоски ќе добие шанса ?

0

Хрватскиот фудбалски шампион Динамо Загреб објави дека Игор Јовичевиќ повеќе не е тренер на екипата, односно дека двете страни се договориле за спогодбен раскин на договорот.

Игор Јовичевиќ пристигна на клупата на Динамо Загреб пред само неколку натпревари, но очигледно дека од страмна на раководството на клубот и навивачите не биле импресионирани од играта на екипата, па по поразот од Ријека минатото коло дојде до раскин на соработката.

Сега, останува да видиме кој ќе седне на клупата на Динамо Загреб, дали можеби еден од нашите најдобри фудбалери во историјата со 100 настапи во дресот на националниот тим, Гоце Седлоски кој моментално е предводник на Динамо 2 и работи со младинците ќе добие шанса да се докаже на клупата на „модрите“.

Share.

Leave A Reply