Португалскиот фудбалер во екипата на Вулверхемптон, Диoго Јота стана автор на најбрзиот хет-трик во историјата на Лигата на Европа.
Неговите три гола во голот на Бешикташ беа постигнати во рок од 9 минути и 39 секунди. Интересно е што самиот Јота се појави на теренот две минути пред неговиот прв гол. Исто така, во интервалот помеѓу неговиот втор и трет гол, неговиот клуб постигна уште еден гол – стрелец беше Дендокер.
Популарните „Волци“се пласираа во плеј-офот на Лигата на Европа, заземајќи го второто место во нивната група каде прва беше Брага, додека третото и четвртото место им припадна на Слован Братислава и Бешикташ.