Директорот на Атлетико (М) потврди дека Гризман оди во Барселона

0

Напаѓачот на Атлетико (М), Антоан Гризман ќе стане фудбалер на Барселона. Веста ја потврди извршниот директор на Атлетико, Мигел Ангел Хил Марин за каталонскиот весник „Спорт“.

„Од март знаеме дека Гризман ќе оди во Барселона”, изјавил Марин.

Пред само неколку дена, фудбалерот за француската телевизија изјави дека е целосно свесен за тоа каде ќе продолжи да игра по заминувањето на Атлетико Мадрид, но засега нема потврда на трансферот.

Најверојатно, трансфер на Гризман ќе се случи по 1 јули. Причина за тоа е неговата клаузула во која неговата цена по 1 јули ќе падне од 200 на 120 милиони евра. Тогаш Барса се очекува да направи офанзива и да го потпише договорот со него.

Share.

Leave A Reply