Директорот Спасески на конференција за министри за спорт

0

Во следните три дена првиот човек на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески ќе престојува во работна посета на Будимпешта, каде ќе земе учество на министерската конференција за министри надлежни за спортот, во организација на Советот на Европа.

На конференцијата учество ќе земат министрите за спорт од земјите членки на Советот на Европа, а  ќе се дискутира за улогата на властите во адресирањето на предизвиците во борбата против допингот во спортот и манипулацијата со спортските натпревари. Во рамките на тркалезните маси, првите луѓе на спортот во Европа ќе  разменат мислења соработката на националните власти со Светската антидопинг агенција (WADA), за можностите на Владите да ја зајакнат заштитата на фундаменталните права на спортистите, како и за доброто управување во спортот преку засилена соработка помеѓу властите, учесниците во спортските активности и спортските здруженија.

На самиотот предвидено е и потпишување на Конвенцијата на СЕ за интегрирана безбедност, сигурност и пристап кон фудбалските натпревари и други спортски настани, од страна на земјите кои сеуште не пристапиле кон потпишување на овој документ.

Планирано е Спасески да оствари средби со неколку свои колеги во насока на продлабочување на соработката во делот на спортот.

Share.

Leave A Reply