Дисингер и официјално 2 години во Вардар

0

Кристијан Дисингер потпиша двегодишен договор со македонскиот првак, Вардар. 203 сантиметри високоиот бек од денеска е веќе во Скопје каде треба да ги мине лекарските прегледи пред да и се приклучи на екипата. Тој ќе биде првиот германски репрезентативец што потпишува за Вардар.

Германецот игра на позицијата лев бек и треба да биде засилување за тимот и да му помогне на тимот на таа позиција. Со своето искуство во Бундеслигата Дисингер сигурно ќе донесе нова свежина во играта на Вардар. Тој е седмото засилување на нашата еклипа сезонава.

Share.

Leave A Reply