Предраг Пеџа Стојаковиќ, поранешниот кошаркарски репрезентативец на Србија кој играше за неколку екипи во НБА лигата, сега е поставен за генерален менаџер на Сакраменто Кингс. Одлуката ја донел првиот човек на тимот, Владе Дивац.
Според објавеното, Стојаковиќ кој со тимот на Далас во 2011 година го освои шампионскиот прстен, сега ќе биде на раководната функција во Сакраменто Кингс. Србинот кој во богатата кариера играше за Црвена Ѕвезда и грчкиот ПАОК, од 1998-та го облече дресот на Сакраменто Кингс и таму остана до 2006 година по што направи трансфер во Индијана.
Популарниот Пеџа кој ќе остане запаметен по неговите шутеви за три поени, во НБА конкуренцијата играше и за: Њу Орлеанс, Торонто и Далас Маверикс.