Добри вести доаѓаат за Солскјер

0

Фудбалерите, Пол Погба и Скот Мектоминеј, може да се појават во дресот на Манчестер Јунајтед на дербито со Тотенхем закажано за в среда на – „Олд Трафорд“.

Французинот кој речиси два месеца се рехабилитираше по повредата на скочниот зглоб влегол во тренинг процес и може да му биде на располагање на тренерот Солкјер. Што се однесува до Мектоминеј, кој се повреди додека играше за шкотската репрезентација и пропушти три натпревари, најверојатно успешно ќе ги помине сите фитнес-активности и ќе може да игра на мечот со „Спарси“.

„Црвените ѓаволи“ ги очекува пеколен распоред во наредните седум денови. Прво ќе бидат домаќини на Тотенхем а веднаш потоа во викенд-колото ќе му гостуваат на градскиот ривал Сити.

Share.

Leave A Reply