Добри вести од Островот, нема карантин за учесниците во Ф1 шампионатот

0

Денот започна со добри вести за љубителите на Формула 1. Без разлика што Велика Британија има воведено карантински ограничувања, Формула 1 трката за Големата награда на Велика Британија доби „зелено светло“ за одржување, соопштија од страна на организаторите.

Трката на патеката во Силверстоун беше главен адут на челните лица во Формула 1, но ситуацијата се промени откако британските власти најавија дека секој кој ќе влезе на Островот ќе мора да биде во карантин 14 дена.

Ова беше проблем кој го стави под прашање одржувањето на трката на оваа патека, но сепак властите направиле исклучок и дозволиле влез во Британија за сите Ф1 учесници. Како резултат на оваа одлука, челните лица на Формула 1 планираат да се одржат две трки во низа во Силверстоун, а според планот тоа теба да се случи на 26 јули и 2 август.

Share.

Leave A Reply