Добри вести за Тотенхем, почнаа да тренираат Роуз и Ламела

0

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, доби добри вести за подолго повредените играчи Дени Роуз и Ерик Ламела кој започнаа да тренираат со првиот тим.

Двајцата се уште далеку од враќањето во игра, бидејќи тие не се во вистинска форма, но сепак ќе се подготвуваат за да може да му помогнат на тимот во наредните недели. Дени Роуз не играл од јануари, кога претрпе повреда на коленото, додека плејмејкерот Ламела последен пат играше за Тотенхем во октомври минатата година кога почна проблемот со бутот.

Повредениот играч од средниот ред, Виктор Вањама и Муса Дембеле, моментално се во амбулантата на тимот. Двајцата сигурно ќе го пропуштаат домашниот меч против Бурнемаут во осмото коло во Премиер лигата.

Share.

Leave A Reply