Договорот е познат: Роналдо за 105 милиони евра во Јуве

0

Напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо ќе се пресели во Јувентус за 105 милиони евра, тврди весникот „Марка“. Веста ја потврдија и италијански извори, откако стана јасно дека денеска Реал ја прифатил понудата на шампионот на Италија, па Роналдо ќе добие 30 милиони евра годишно.

Трансферот на Роналдо во Јувентус може да биде објавен во следните 48 часа. Агентот на 33-годишниот Португалец, Жорге Мендеш ќе се состане со раководството на Реал Мадрид и ќе разговара за иднината на неговиот клиент. Во исто време, во Грција, каде што Роналдо се наоѓа на одмор, треба да се одржи последниот круг преговори меѓу Џани Ањели, кој и самиот играч.

Share.

Leave A Reply