Екипата на Монпелје е новиот Европски шапнион во ракомет откако победи во финалето на Ф4 турнирот во Келн. Монпелје влезе како аутсајдер на Ф4 во Келн, но дојде до трофејот во Лигата на шампионите.
По големата победа вчера над Вардар во полуфиналето, денес го надиграа и Нант со 32:27, со што дојдоа до второто европско злато во историјата.
Натпреварот беше решен во финишот од второто полувреме кога Монпелје имаше резултат 24:24, а потоа направи серија од 5:0 и за неколку минути дојде до недостижна предност која на крајот резултираше со победа од 6 голови разлика.
Најдобри кај победничката екипа беа Фабрегас и Симоне со по шест гола, додека Жерар беше одличен на голот со 11 одбрани. Кај Нант, повторно најдобар беше нашиот Кирил Лазаров со шест постигнати гола, додека Гурбиндо реализираше пет гола.
Ова за Монпелје е втора европска титула во нивната историја,откако претходно беа шампиони во сезоната 2002/03.