Доленец на операција, нема да игра на ЕП во Хрватска

0

Еден од најдобрите словенечки ракометари, Јуре Доленец, мора да оди на операција по повредата на коленото заработена на последните настапи за Барселона.

Како што објавија словенечките медиуми, тоа значи дека Доленец нема да биде дел од словенечката ракометна репрезентација на престојното ЕП во Хрватска. Словенците се еден од трите противници на Македонија на овој европски шампионат.

Ракометарот на Барселона ќе замине на операција по повредата на менискусот на коленото, по што го очекува пауза до крајот на јануари.

Share.

Leave A Reply