Доменикали ќе ја води Формула 1 од 1 јануари 2021 година

0

Поранешниот шеф на тимот на Ферари во Формула 1, Стефано Доменикали ќе ја преземе позицијата Извршен директор во Ф1 од 1 јануари 2021 година, ова го потврдија претходно денес од сопствениците на шампионатот – Либерти Медиа.

Доменикали, кој ја водеше Скудерија помеѓу 2008 и 2014 година, ќе го замени Чејс Кери, кој ќе ја задржи улогата во управувањето со спортот, но како неизвршен директор.

„Среќен сум што се приклучив на организацијата на Формула 1, спорт кој отсекогаш бил дел од мојот живот. Роден сум во Имола и живеам во Монца. Со години се занимавав со спортот откако го напуштив Ферари преку мојата работа во комисија на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) и едвај чекам да се сретнам со тимовите, промоторите на трките, спонзорите и сите партнери во Формула 1. Бев извршен директор на Ламборџини и тоа ми донесе многу искуство што ќе го искористам на мојата нова позиција”, рече Доменикали.

За да може Италијанецот да го преземе раководството на Формула 1, тој ќе ја напушти лидерската позиција што ја извршуваше во Ламборџини од 15 март 2016 година.

Share.

Leave A Reply