Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, е победник на Трката за ГН на Канада на патеката „Жил Вилнев“ во Монтреал. Германецот триумфираше пред валтери Ботас и Макс Ферстапен и со оваа победа го презема водечкото место во генералниот пласман од Луис Хамилтон, кој заврши на 5. место зад Даниел Рикиардо.
Фетел за Ферари ја обезбеди првата победа во Канада по 2004 година, кога на истото место триумфираше легендарниот Михаел Шумахер. Во листата на 10-те најдобри вечерва се најдоа и Кими Раиконен, Нико Хулкенберг, Карлос Сајнц, Естабан Окон и Шарл Леклер.
За Фетел ова е втора победа во Канада, а трета оваа сезона.