Италијанецот Доминик Парис е победник на машкиот супервелеслалом на светското првенство во алпско скијање кое денеска продолжи во шведски Оре. Со време од 1:24,20 минути, Италијанецот успеа да го обезбеди првото злато од светските шампионати, откако во 2013 година успеа да го освои сребрениот медал на СП во Шладминг.
Французинот Јоан Клари и Австриецот Винсент Крихмаер заостанаа идентични 9 стотинки и двајцата добија сребрени медали.
Следната трка на СП е закажана за в петок кога на програмата ќе биде женската комбинација.