Донарума го пропушта мечот со Џенова

0

Голманот на Милан Џанлуиџи Донарума ќе го пропушти неделниот натпревар со Џенова, јавуваат италијанските медиуми.

Како што е познато, 21-годишниот голман го напушти теренот предвреме на мечот против Фиорентина по еден дуел со Федерико Киеза. Болката во зглобот на Донарума не е сериозна, но Стефано Пиоли не сака да го ризикува и сака да го има подготвен за реванш со Јувентус во Купот на Италија.

Асмир Беговиќ, кој го замени против „Виолетовите“, најверојатно ќе го направи своето деби како стартер во дресот на Милан против Џенова. Средбата треба да се одигра на „Сан Сиро“ пред празни трибини поради коронавирусот.

Share.

Leave A Reply