Донарума пред продолжување на договорот со Милан

0

Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума е се поблизу до потпишување на нов договор со клубот, тврди „Калчомеркато“.

По долгите преговори, се чини дека двете страни постигнале договор и новиот договор на голманот наскоро може да стане реалност. Милан не сака да изгуби еден од своите најталентирани играчи и затоа ги забрза преговорите. Се верува дека играчот се согласил да потпише нов 4-годишен договор, и ќе добие 7 милиони евра по сезона. Покрај тоа, клубот се согласи да го донесе неговиот брат Антонио, кој ќе потпише 3-годишен договор со плата од 850 илјади евра по сезона. Големиот проблем во преговорите беше посебната клаузула што играчот и неговите претставници ја ставија на маса.

Донарума сакаше да има клаузула според која тој би можел да го напушти клубот за одредена сума за трансфер доколку не успее да се квалификува во Лигата на шампионите. Раководството на „росонерите“ веќе долго време одбиваше да ја вклучат оваа клаузула во договорот, но на крајот се согласиле на условите на Донарума.

Share.

Leave A Reply