Дончич не сака да размислува за НБА драфтот

0

Кошаркарот, Лука Дончич, иако е ставен на висока позиција на НБА драфтот во 2018 година, засега не дава сигнали дека ја игра последната сезона во дресот на Реал (Мадрид). 18-годишниот репрезентативец на Словенија ќе ја започне третата  сезона во Евролигата, но, сега како европски шампион.

„Сега треба да имам позначајна улога на теренот. Не сакам да гледам во далечна иднина. Тука се чувствувам прекрасно. Можеби ќе ја реализирам мојата последна сезона во Реал, но може и да не биде така. Не можам да кажам 100% “, рече Дончич во интервју за Мадридското издание – „AS“.

Дончич кој има одличен просек во првите три средби во тековното првенство на Шпанија е ставен под бројот 5. на НБА драфтот кој ќе се реализира во 2018 година.

Share.

Leave A Reply