Кошаркарите на Далас го доживеаја најтешкиот пораз на домашен терен оваа сеозна, откако дозволија кошаркарите на Феникс да однесат победа од Тексас со високи 133-104.
Лука Дончиќ беше запрен на само 21 поен за 25 минути поминати на паркетот, а на спротивната страна момците од Аризона го имаа неверојатниот Девин Букер кој застана на 32 поени со 9 асистенции и 6 скока. Одичен беше и Деандре Ајтон кој промаши само двапати од игра (13/15) и мечот го заврши со 31 поен и 9 скока.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Њујорк 97-92
Филаделфија – Голден Стејт 115-104
Кливленд – Њу Орлеанс 111-125
Торонто – Атланта 130-114
Мемфис – Денвер 104-96
Мајами – Бостон 101-109
Милвоки – Вашингтон 151-131
Далас – Феникс 104-133