По паузата за Ол-Стар натпреварот, синоќа се одиграа само два меча од продолжението на сезоната во НБА лигата. Далас дома со 115:104 го победи Сан Антонио, додека Мемфис исто така на свој паркет со 127:112 беше подобар од Вашинтон.
За Далас ова беше четвртата последователна победа, а до неа ги водеше Лука Дончич со 22 поени, 12 скокови и 12 асистенции, што е негов осми „трипл-дабл“ учинок оваа сезона и 33-от во кариерата. Покрај Словенецот, во редовите на Далас се истакна и Кристап Порзингис со 28 поени и 14 скока.
Во вториот дуел Јонас Валанчиунас со 29 коша и 20 скокови ги предводеше Гризлис до 17-тата победа оваа сезона.