Лука Дончиќ повторно беше најдобар во составот на Далас во еден од најинтересните ноќешни дуели во НБА лигата Маверикси го совладаа Орландо со еден поен разлика 107:106 и ја остварија петтата сезонска победа.
Словенецот средбата ја заврши со 27 поени, имаше и по седум скока и асистенции. Најефикасен кај Орландо беше Гордон со 23 поени.
Хјустон со 129:112 го победи Голден Стејт, а Џејмс Харден и овој пат беше најдобар на теренот. Голден стејт со сите проблеми со повредени играчи тешко се носи со ривалите во НБА, така беше и ноќеска против Хјустон. Харден реализираше 36 поени, имаше и 13 асистенции.
Најдобриот кошаркар на Милвоки Бакс, Јанис Адетокунбо, постави нов историски резултат во НБА лигата, со својот настап на дуелот со ЛА Клиперс синоќа. На гостувањето во ЛА, Милвоки славеше со 129:124, а Адетокунбо постигна 38 поени, собра 16 скокови и додаде 9 асистенции, со што стана првиот играч во историјата на НБА лигата, кој постигнал најмалку 200 поени во првите осум натпревари од сезоната, остварил најмалку 100 скока и додал барем 50 асистенции.
РЕЗУЛТАТИ:
Детроит – Њујорк 122:102
Индијана – Вашингтон 121:106
Атланта – Чикаго 93:113
Хјустон – Голден Стејт 129:112
Торонто – Сакраменто 124:120
Мемфис – Минесота 137:121
Далас – Орландо 107:106
Јута – Филаделфија 106:104
Л.А. Клиперс – Милвоки 124:129