Дончиќ со нов трипл-дабл го сруши рекордот на Џејсон Кид

0

Ѕвездата на НБА тимот Далас, Лука Дончиќ не престанува да ги руши секојдневно рекордите во НБА лигата.

И покрај тоа што овој Словенец е само година ипол дел од најсилната кошаркарска лига на светот сепак е сопственик на многу рекордни достигнувања. Тој го предводеше Далас во победата над Сан Антонио 109:103 на гостински терен со нов трипл-дабл односно 26 поени, 10 скокови и 14 асистенции, што е за него 13-ти ваков учинок сезонава.

На само два дена пред да наполни 21. година Дончиќ го запиша својот 21. трипл-дабл во НБА кариерата и го изедначи рекордот на ѕвездата на Далас,

Џејсон Кид. За раслика од Џејсон Кид на кого му беа потребни шест сезони за ова достигнување, Лука Дончиќ тоа го стори за само една ипол сезона.

Share.

Leave A Reply