Словенечкиот кошаркарски ас, Лука Дончиќ, ја прекина победничката низа со Далас. На домашен терен, по возбудливата завршница, Маверикс синоќа останаа со празни раце, откако Сакраменто успеа да ги надигра совладувјќи ги со 106:110.
Неверојатниот Дончиќ одигра прилично лошо прво полувреме, како и остатокот од тимот, па Сакраменто успеа да направи двоцифрена разлика која умешно јаодржа до крајот на мечот. Словенецот средбата ја заврши со 27 поени, 8 асистенции и 7 скокови, но го собори рекордот на Мајкл Џордан во број на последователни натпревари со ефект од најмалку 20 поени, 5 скока и 5 асистенции. Тој со синоќешните бројки стана првиот кошаркар кој нанижа 19 последователни натпревари со ефект 20+5+5, минувајќи го остварувањето на Џордан од 1989 година.
Мајами – Чикаго 110-105 прод.
Филаделфија – Торонто 110-104
Вашингтон – ЛА Клиперс 119-135
Далас – Сакраменто 106-110
Портланд – Оклахома 96-108
ЛА Лејкерс – Минесота 142-125
Бруклин – Денвер 105-102
Шарлот – Атланта 107-122