Дополнителни средства од АМС за младинските клубови

0

Агенцијата за млади и спорт донесе одлука со која освен Националните спортски федерации, дополнително ќе се финансираат најдобрите младински клубови. Станува збор за возрасни категории од 14-20 години, а условот е тимовите да имаат остварени најдобри резултати изминатава година во системот на натпревари. Освен за поголемите федерации, како фудбалска, ракометна, кошаркарска и одбојкарска, кои ќе земат најголем процент од средствата, нема да бидат изоставени ниту помалите федерации, ниту поединечните спортови.

Оваа нова мерка, Агенцијата за млади и спорт ја воведува со цел да ја зголеми мотивацијата кај младите спортисти, но истовремено да им помогне на федерациите средствата да ги насочат кон сениорските тимови. Потребата од подпомагање на младите спортски надежи е голема, и затоа и во иднина АМС ќе се потруди ова да стане традиција, но и да го зголеми бројот на стипендисти од категоријата “Спортска надеж”, од причина што младите се иднината на секое поле, па и на полето на спортот. Проектот опфаќа 240 млади клубови, а сумата за распределба е 22,5 милиони денари. Листата со младински клубови, добитници на средства од овој проект, може да се најде на страната на Агенција за млади и спорт.

Share.

Leave A Reply