Дортмунд го купува Дахуд од Менхенгладбах

0

Борусија Дортмунд се договори со полудефанзивецот на Борусија Менхенгладбах Махмуд Дахуд, открива сајтот „fussballtransfers.com“.

Договорот на 21-годишниот фудбалер со Менхенгладбах истекува во јуни 2018 година. Тој веќе долго време размислуваше за потпишување на нов договор, а бидејќи не го стори тоа до сега, клубот е принуден да го продаде.

Инаку Борусија Менхенгладбах ризикува да пушти младинскиот репрезентативец на Германија без пари.Од Менхенгладбах веќе упатија едно примамливата понуда до Дахуд, но тој не пројави интерес да седне на преговарачка маса.

Дортмунд ќе плати на тимот од Менхенгладбах 10 милиони евра. Толку е износот кој е во клаузулата за заминување одрекување на играчот.

Share.

Leave A Reply