Довициозо „леташе“ на патеката

0

Возачот на „Ducati“, Андреа Довициозо, наметна силно темпото на вториот слободен тренинг пред неделната Гран При трка во Чешка во Мото-шампионатот. Патеката беше исушена од утринскиот дожд и сите возачи значително го подобрија времето.

Италијанецот беше скоро за четири стотинки  побрз од вториот Јонас Фолгер. Двајцата пилоти на Хонда, Дани Педроса и Марк Маркез, ги запоседнаа првите позиции откако беше даден знак за почеток на слободниот тренинг, но, Довициозо успеа да ги надмине.

Педроса го заврши тренингот на седмата позиција а Маркес – на десеттата. Членовите на „Yamaha“,  Маверик Винјалес и Валентино Роси остана на 11-та и 14-та позиција.

Share.

Leave A Reply