Драгиќ останува во Мајами уште две сезони

0

Еден од најважните играчи на Мајами Хит, словенечкиот кошаркар Горан Драгиќ, ќе продолжи да го носи дресот на финалистот во НБА лигата. 34-годишниот ветеран имаше статус на неограничен слободен агент, но се договори со „жешките“ за нов договор.

Тоа е за две години во вкупна вредност од 37,4 милиони долари.

Во меѓувреме, тимот од Флорида се согласи да го продолжи договорот и со друг свој играч – центарот Мејерс Леонард.

Share.

Leave A Reply