Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Јулијан Дракслер, не крие дека е разочаран по вчерашниот пораз на гостувањето кај Ливерпул на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите.Тој вели дека неговиот тим треба да победува во дерби дуелите ако сака да ја освои титулата.
„Во првото полувреме бевме агресивни, но, тоа не беше доволно. Ако сакаме да стигнеме до пехарот, тогаш ќе мораме да ги победуваме тимовите од типот на Ливерпул“ – вели Дрекслер.
„Мислам дека требаше да ги освоиме бодовите или најмалку да извлечеме нерешено. Домаќините одиграа добро во завршницата, сега треба да го покажеме нашето вистинско лице во наредниот меч на домашен терен“ – потенцираше фудбалерот на ПСЖ.