Дресот на Бош со број 1 ќе замине во историјата на Мајами

0

Челниците на кошаркарскиот состав Мајами се определија да го повлечат дресот со бројот 1 кој подолг период го носеше Крис Бош кој поради здравствени проблеми мораше да ја заврши кариерата.

Свечениот чин ќе се случи на 26 март на мечот против Орландо Меџик. Бош имаше  шест успешни сезони со „жешките“ во кои одигра четири финалиња и освои две титули во НБА конкуренцијата.

Мајами досега ги повлече дресовите на  Ден Марино (13), Мајкл Џордан (23), Тим Хардевеј (бр. 10), Шекил О’Нил (бр. 32) и Алонзо Морнинг (бр. 33).

Share.

Leave A Reply