Дресот на Наваро ќе биде закачен во салата на Барселона

0

Луѓето од кошаркарскиот состав Барселона соопштија дека на 1 март ќе биде реализирана посебна церемонијата на која ќе биде повлечен од употреба дресот со број 11 кој го носеше легендарниот играч на тимот, Хуан Наваро.

Тогаш во каталонската престолнина ќе гостува големиот ривал, Реал (Мадрид). Првичната идеја беше церемонијата да се реализира на 25 ноември кога имаше Ел Класико од календарот на шпанското првенство, но, тоа не се случи бидејќи почина таткото на Наваро. Досега само четворица кошаркари во целата историја на Барселона биле промовирани меѓу славните на тој начин, тоа се: Хуан Антонио Сан Епифанио, (№15), Начо Солосабал (№7), Андрес Хименез (№4) и Роберто Дуењас (№12).

38-годишниот Наваро стави крај на кариера во текот на летото во 2018 година откако за цели две децении освои осум титули на Шпанија, седум пехари во Купот, пет во Супер-купот на земјата како и два трофеjа во Евролигата.

 

Share.

Leave A Reply